23 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајдобриот хотел во светот се наоѓа на Крим (фото+видео)

Најдобриот хотел во светот се наоѓа на Крим (фото+видео)

Mriya Resort & Spa е прогласен за најдобар хотел за одмор во светот, соопшти организацијата World Travel Awards.

Станува збор за хотел со пет ѕвездички кој се наоѓа на Крим, а отворен е во 2014 година. Овој руски хотел е најпознат по својот изглед, за кој е заслужен познатиот архитект Норман Фостер, во чија биографија се наоѓаат и идејните решенија за Милениумскиот мост во Лондон, стадионот Вембли, аеродромот во Хонг Конг.

Mriya Resort & Spa се наоѓа на 30 километри одалеченост од Јалта, се простира на 270.000 квадратни метри, има 422 соби и вили, неколку базени и други содржини типични за луксузните хотели. Ноќевањето во овој хотел чини од 230 долари па нагоре.

Единствен сопственик на Mriya Resort & Spa е руската Sberbank, а во неговата изградба се инвестирани 300 милиони евра. Погледнете:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП