19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтрујата веројатно ќе поскапува - како да заштедите?

Струјата веројатно ќе поскапува – како да заштедите?

Со либерализацијата на пазарот од наредната година не очекуваат и нови цени на струјата, најверојатно повисоки. Како да се заштеди? Со замена на светилките сметките можат драстично да се намалат!

10 евра заштеда со промена на една светилка

Штедливите светилки се навистина штедливи. Ако споредиме обична од 100 W и LED од 23 W која зрачи иста светлина годишната заштеда достигнува 10 евра!

Под претпоставка дека светилките се вклучени по 5 часа на ден, за една година ќе светат по 1.825 часа. Класична светилка ќе потроши околу 182 kWh, што по моменталната цена од 4.46 денари изнесува 801.72 денари годишно. Штедлива светилка годишно ќе потроши околу 42 kWh,што по цената од 4.46 денари изнесува 187.32 денари.

Оваа едноставна математика покажува дека со замена на само една светилка годишната заштеда изнесува 614.4 денари или 10 евра!

LED светилките имаат повеќе предности: ниски трошоци и заштеда на енергија, потрајни се и до 30 пати од обичните (имаат животен век од 30.000 часа), имаат опција за регулирање на јачината на светлината. Недостатоци се високата цена и недостапноста во сите форми и големини.

Халогенките користат гас за производство на светлина со помалку електрична енергија. Предности од нивно користење: имаат најниска цена од новите технологии, опција за регулирање на јачината на светлината, ист изглед и форма како и традиционалните сијалици. Недостатоци: недоволно ефикасни (само 20% помала потрошувачка на енергија) како и краток рок на користење (околу 2.000 часа).

Флуоресцентните познати и како CFL заштедуваат најмногу енергија (до 80%). Предности: најголема заштеда, долг животен век (10.000 часа). Недостатоци: потребни им се околу 2 минути да достигнат 100% од нивната светлина, немаат опција за регулирање на јачината, оставаат траги од жива и треба да се внимава при нивно отстранување.

„Обичните“ светилки само 5% од потрошената електрична енергија ја претвораат во светлина, а останатите 95% во топлина и не траат повеќе од 1.000 часа.

Со новите технологии на светилки може да се потроши и до десетина пати помалку енергија, а да се постигне истиот ефект.

Сепак, според Државната статистика само во 3.5% од домаќинствата има барем една ЛЕД, а во 39.4% барем една флуоресцентна светилка.

Во земјите – членки на Европската Унија веќе пет години не се произведуваат и продаваат старите, обични светилки. Процесот се одвиваше во неколку фази, први беа повлечени најсилните од 100 и 120 W а последни најслабите од 25 W.

Загревањето само на една до две соби е можеби ефикасен начин на штедење, но со тоа се намалува квалитетот на живот. Експертите по енергетска ефикасност даваат други совети со кои можат да се скастрат сметките. Пониска температура за 1 степен, помала сметка до 10%. Ова е основниот метод за намалување на трошоците за греење. Со поставување на термостат на системот кој во просторијата ќе одржува 20 наместо стандардните 23 степени заштедите се значителни.

Може да се заштеди и на греење

Пониска температура за 1 степен, помала сметка до 10%. Ова е основниот метод за намалување на трошоците за греење. Со поставување на термостат на системот кој во просторијата ќе одржува 20 наместо стандардните 23 степени заштедите се значителни.

Дополнителните совети кои лесно можат да се применат и не чинат многу, а кои експертите за енергетска ефикасност ги даваат се: навечер или кога нема никој дома системот да не се исклучува туку да се намалува температурата на 15 до 18 степени, ако се користат радијатори да се постави алуминиумска фолија меѓу нив и ѕидот за да се рефлектира топлината, проветрувањето да се прави само преку ден кога е најтопло, навечер собите да бидат затворени, како и вратите од ходниците, плакарите и помошните простории кои не се греат, котлите на нафта гас и дрва редовно да се чистат – најмалку еднаш годишно, електричните греалки да се вклучуваат директно во штекер, а не на продолжен кабел, пополнете го просторот меѓу ѕидот и прозорецот со силикон. Така ќе престанете топлиот воздух да излегува надвор, ако е сончево, потргнете ги завесите. Сонцето ќе ви обезбеди многу природна топлина во студените денови. Вратете ги завесите кога ќе се скрие сонцето, поставете теписи, по можност со подолги реси, врз дрвените подови и плочките. Тие ќе ја стопираат апсорпција на топлината од подот, оставајте ја вратата отворена додека се туширате. Така ќе можете да ги искористат предностите на топлиот воздух кој доаѓа од топлата вода, и во други делови од домот, не само во бањата, кога ќе завршите со печењето, оставете ја вратата на рерната отворена за топлиот воздух да се разнесе низ целата кујна.

Сепак, за вистинска заштеда потребни се инвестиции во самата куќа или стан – подобра изолација значи помала сметка.

„Сметката во крајна линија најмногу зависи од топлотната изолација. Оние што имаат солидно изградени објекти во секој случај штедат, во вакви временски услови дури и нема потреба од вклучување на системите за греење преку ден, само рано наутро и доцна навечер. Ставање на топлинска изолација и прозорци е мерка која бара најголемо вложување, но е и најисплатлива. Не се исплатува за една или две години, потребни се седум или осум, во зависност од тоа каков бил објектот“ вели професорот Ристо Цицонков кој е експерт за енергетика и за системи за греење и ладење.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП