9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Прво ќе ги затвориме проблематичните

ЕК: Прво ќе ги затвориме проблематичните

baroso1

Работата на системот за затварање на проблематичните банки, пред тие да и се заканат на пошироката економија, е од клучно значење оваа година, соопшти Европската комисија.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, изјави дека покрај плановите за стартување на банкарскиот надзор во еврозоната, ќе го претстават и „формалниот предлог за законот за единствениот механизам за решавање на проблемите во банкарсиот сектор“.

„Сметам дека ова прашање е апсолутен политички приоритет. Овој предлог не е помалку важен од единствениот надзор и нема да биде едноставен во правната, техничката и политичката смисла“, наведе Баросо.

Лидерите на ЕУ на самитот кој беше одржан минатиот месец, формираа Единствен надзорен механизам (ЕНМ), регулатор кој ќе функционира заедно со Европскиот стабилизационен механизам (ЕСМ), за полесна контрола и поголема помош за кредиторите во проблеми, пред тие да и создадат поголема штета на економијата.

ЕНМ е првиот чекор кон банкарската унија, врз основа на централниот надзор на сите банки во еврозоната, а дополнувањето на ЕНМ би требало да биде систем за навремено затварање на оние кредитори кои ќе западнат во големи проблеми и нема да можат да им ги гарантираат депозитите на клиентите во банката.

На самитот во декември беше договорено, кога ЕНМ ќе биде ставен во функција, ЕСМ да биде во можност директно да ги докапитализира слабите банки.

Иако лидерите на ЕУ се договорија околу функционирањето на ЕНМ, во земјите надвор од еврозоната, како што е Британија, постојат сериозни сомневања дека новиот механизам ќе ја зголеми моќта на Брисел, над нивните национални финансиски сектори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП