27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНа продажба беспрекорна луксузна вила на познатата Зума плажа (фото)

На продажба беспрекорна луксузна вила на познатата Зума плажа (фото)

Малибу има околу 13.000 жители сега, но квалитетот на нивните животи е она што сега го гледаме..

Квалитетот на животот е особено важен, ако говориме за цените на недвижнините во овој дел од светот. Популарен поради своите песочни плажи, местата за прошетка и сурфање, овој мал град е место за кое голем број на луѓе сонуваат, а само неколкумина успеваат да го искусат.

Ако имате 24,9 милиони долари при рака, можете да се пакувате што побрзо, со цел оваа прекрасна луксузна вила сместена на плажата Зума да ја наречете свој дом.

Неа ја дизајнираше архитектот Даглас Бурџ, таа има околу 1.100 квадратни метри површина и има интересен тоскански стил. Ја сочинуваат осум спални соби и единаесет бањи, а ви нуди спектакуларен поглед на океанот и долга листа со беспрекорни погодности.

Следните сопственици на оваа вила ќе можат да уживаат во таванот со откриени греди, светларникот и два големи камини, а тоа се се наоѓа во дневниот салон. Мастер апартманот има заоблени плафони со видливи греди, додека каминот и дрвените подови го прават уште потопол и попривлечен.

По забавниот ден на плажа, врвната гурманска кујна на сопствениците и нивните привилегирани гости ќе им даде прилика да ги наполнат своите батерии, со помош на апарати од првата класа, долгиот кујнски остров кој е идеален за забавување на гостите и организирање на настани. Прекрасниот базен и џакузи се вистинскиот шлаг на оваа торта.

Прекрасното домашно кино, игралницата, винскиот подрум и теретаната ќе ви помогнат да се опуштите и да им овозможите добар помин на своите гости, додека неколку атракции на Малиби, како Little Beach Club Malibu и Nobu Ryokan Malibu се наоѓаат на многу мала одалеченост од вас, во случај да посакате да излезете од дома.

Покрај цената од 24,9 милиони долари колку што ви е потребно да ја купите оваа вила, можете и да ја изнајмите по цена од 7.000 долари за една ноќ. Ви одговара?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП