28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОтсвириле опера на 220 паметни телефони

Отсвириле опера на 220 паметни телефони

karmen

Националниот симфониски оркестар на Република Чешка во целост ја отсвири познатата опера Кармен на мобилни телефони,таблети и други уреди кои имаат екрани чуствителни на допир.

Како дел од промотивната кампања за една банка во Чешка шеесет музичари ја отсвирија „мобилната верзија“ на познатата опера. Како што велат организаторите на кампањата со помош на „Wi-Fi“ конекција биле поврзани и озвучени преку 220 различни уреди меѓу кои и оние на „Android“, „iOS“ и други мобилни оперативни системи.

Некои од музичарите ги допираат уредите, додека другите со нив управуваат со помош на функцијата за препознавање на движењата.

Послушајте ја новата верзија на Кармен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП