18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHonor 7X, телефон со екран без рамка и одлична камера

Honor 7X, телефон со екран без рамка и одлична камера

„Honor“ веќе не навикна на квалитет по пристапна цена, а нивниот штотуку претставен модел „7X“ е само продолжение на одличната пракса. Ова е нивниот премиум модел кој прво придонесува за гледање на содржини на целиот екран.

„Honor 7X“ е првиот паметен телефон кој го поседува екранот „Honor FullView“; дисплеј со големина од 5,93 инчи без рамка, кој овозможува одличен квалитет на екранот и се одлукува до добар однос на големина на екранот и куќиштето, што значи дека корисниците можат да уживаат во убавите слики на елегантен и компактен телефон кој без проблеми може да се држи во рака.

Покрај тоа, максималниот екран без рамка и задната камера со двоен објектив од 16MP + 2MP, широко отворената бленда и брзиот фокус, на љубителите на селфи фотографии им носат квалитетни слики на ниво на „DSLR“ фото апарат. Камерите овозможуваат фокусирање за само 0,18 секунди. Во комбинација со голем отвор на објективот (F/0.95 – F/16) кој на сликата и дава ефект на длабочина на поле на ниво на „DSLR“ фото апарат, „Honor 7X“ на сите им овозможува да станат постојани фотографи. Во комбинација со моќниот процесор „Kirin 659“ со осум јадра и „GPU“ единицата, „Honor 7X“ нуди неспоредлива јасност и корисничко искуство по многу пристапна цена. Имено, телефонот веќе во текот на декември ќе може да се купи по цена од 299 евра.

Уредот го има веќе препознатливото „Honor“ металик куќиште и совршените заоблени рабови, а внатре е „RAM“ меморијата од 4GB и „EMUI 5.1“ интерфејсот. За зголемување на просторот за чување на податоци може да се користи „Micro SD“ картичка со големина до 256 GB.

Батеријата има капацитет од 3340 mAh која овозможува работа на телефонот „Honor 7X“ во текот на целиот ден. Благодарејќи на технологијата за заштеда на енергијата и режимот на работа „Ultra Power Saving“, корисниците сега може да уживаат во цела сезона од својата омилена ТВ серија или во 91 час музика, со само едно полнење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП