17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром бележи раст во снабдувањето со гас во регионот на „Турски поток“

Газпром бележи раст во снабдувањето со гас во регионот на „Турски поток“

Во изминатите 11 месеци рускиот гасен гигант „Газпром“ оствари зголемена испорака на гас за земјите од регионот каде што се гради гасоводот „Турски поток“, соопшти прес-службата на компанијата, цитирана од агенциите.

Во Бугарија испораките се зголемија за 6,8% во однос на истиот период од минатата година, во Турција – со 20,4 отсто, во Грција – со 11,4%, во Унгарија – со 22,3%, во Србија – со 26,1 процент, е наведено во соопштението.

На 7-ми мај „Газпром“ ја започна изградбата на морскиот дел на гасоводот „Турски поток“ крај руското крајбрежје на Црното Море.

Проектот „Турски поток“ предвидува изградба на гасовод преку Црното Море до европскиот дел на Турција, а потоа – до границата со Грција. Поморскиот дел ќе биде долг 910 километри и патот на турската територија е 180 километри.

Првата линија на гасоводот ќе биде наменета за турскиот пазар, а втората – за земјите од Јужна и Југоисточна Европа, како и секоја ќе биде со капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас годишно. Вкупните трошоци на проектот се проценуваат на 6 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП