9 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИMaersk Oil и партнерите ќе инвестираат 3,4 милијарди долари во гас

Maersk Oil и партнерите ќе инвестираат 3,4 милијарди долари во гас

Одделот за нафта и гас на данскиот конгломерат „A.P. Moller-Maersk“ соопшти дека ќе инвестира 21 милијарда круни (3,4 милијарди долари) заедно со британско-холандскиот нафтен гигант „Shell“ и други компании во најголемото поле за гас во Данска, во Северното Море, според „АП“.

Веста доаѓа откако „Maersk“ минатата година објави дека објектите во локалитетот „Тира“ ќе бидат затворени во 2017-та година, поради тоа што „наближува крајот на експлоатацискиот живот“.

Групата објави дека повторниот развој на „Тира“ ќе обезбеди стабилно производство за најмалку 25 години. Компанијата соопшти дека ќе може да напојува со гас 1,5 милиони дански домови.

Во август француската енергетска група „Total“ се согласи да го купи „Maersk Oil“ со договор вреден 7,45 милијарди долари, а во моментов е предмет на регулаторни одобренија.

Се очекува тој да биде завршен во првиот квартал од 2018-та година, дополни „АП“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП