17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕБОР повеќе нема удел во Комерцијална банка АД Скопје

ЕБОР повеќе нема удел во Комерцијална банка АД Скопје

ЕБОР ги продаде своите 5,245 проценти акционерски влог во Комерцијална банка АД Скопје, најголемата банка во Македонија, како дел од вообичаеното менаџирање на портфолиото. Во знак за доверба во локалниот пазар на капитал, трансакцијата се реализираше на Македонската берза за хартии од вредност.

ЕБОР инвестираше во Комерцијална банка АД Скопје во 1996 година. Како акционер, ЕБОР имаше значајно влијание врз растот и развојот на Комерцијална банка во изминативе 20 години. ЕБОР помогна во зајакнување на политиките на кредитирање на Комерцијална банка и подобрување на корпоративното управување. Исто така помогна и во зголемување на интересот на инвеститорите за банката.

Главниот извршен директор на Комерцијална банка АД Скопје, Хари Костов, изјави: ,,Комерцијална банка АД Скопје, би сакала да изрази благодараност кон ЕБОР за акционерскиот влог во банката до сега. И покрај вообичаената пракса на ЕБОР да биде акционер во одредена банка во период од околу 5 години, ЕБОР беше акционер во Комерцијална банка АД Скопје повеќе од 20 години, значајно придонесувајќи во растот и развојот на банката во изминатиот период. Се надеваме на натамошна успешна соработка со ЕБОР во другите банкарски и инвестициски проекти”.

ЕБОР ја продолжува соработката со Комерцијална банка АД Скопје, која е еден од најактивните корисници на Програмата за олеснување на трговијата на ЕБОР и партнер во програмата за споделување на ризиците за финансирање на проектите на општините.

ЕБОР е најголемиот институционален инвеститор во Македонија. До денес има инвестирано над 1,6 милијарди евра во над 100 проекти во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП