3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕОткријте ја убавината на Турција и посетете го шармантниот Maçakizi Hotel (фото)

Откријте ја убавината на Турција и посетете го шармантниот Maçakizi Hotel (фото)

Од Истанбул до Кападокија, од Бодрум до Анкара, Турција е исполнета со неверојатни глетки кои чекаат на вас да ги откриете…

Ако навистина сакате да ја откриете убавината на оваа земја, уникатниот Maçakizi Hotel може да биде идеално место за вас. Овој скапоцен камен со пет ѕвезди се наоѓа на само неколку километри северно од Бодрум, а нуди комбинација од врвна услуга и шармантни погодности, кои се проследени со уникатното опкружување и магичниот поглед на море.

Малиот град Türkbükü е место кое би требало да го запаметите, бидејќи токму тука се наоѓа овој хотел со своите 54 прекрасни соби и апартмани, кои се декорирани со уметнички дела на турскиот уметник Суата Акдемира.

Во зависност од вашиот избор, можете да уживате во погледот на градината, морето или неверојатниот луксуз пропратен со приватност. Во секој случај, релаксирачките ноќи и величествените утра проткаени со морското ветре и маслиновите дрвја ќе бидат дел од вашето искуство.

Во овој хотел, својата соба можете да ја претворите и во спа и да нарачате третман за лице или специјална масажа. Ако им припаѓате на активните луѓе, можете да го посетите и хотелскиот фитнес центар или да пробате пилатес и јога.

Спа центарот кој е дел од хотелот, со својата сауна, ќе ги исполни вашите желби. Се што ќе ви падне на памет овој хотел веројатно го има во понудата. Останува уште самите да се уверите во тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП