26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕRolls Royce ја претстави луксузната суперјахта Crystal Blue (фото+видео)

Rolls Royce ја претстави луксузната суперјахта Crystal Blue (фото+видео)

Rolls Royce брендот шотуку го претстави феноменалниот концепт на суперјахта во Амстердам, наречен Crystal Blue…

Станува збор за хибриден брод кој ги изненади сите оние кои присуствуваа на Global Superyacht форумот, кој беше одржан минатата недела. Базирна на напредната платформа на хибридна пропулзија, оваа јахта која користи TNG, поседува пакување TWIN MTU M-65-Н генератори, кои се поврзани со масивната батерија која има 1MWh сила, додека два карбонски Azipull пропелери и даваат максимална брзина од 20 јазли.

Насочена кон иднината, оваа јахта е дизајнирана да работи заедно со Blue Shadow, брод со должина од 42 метри кој се контролира далечински. Blue Shadow со себе ќе носи залихи на гориво, водени играчки и сите други пропратни нешта, додека резервоарите на Crustal Blue јахтата имаат доволно гориво за до 3.000 наутички милји.

Присуството на Blue Shadow бродот дополнително ќе ги подобри перформасите по прашањето за опсег на јахтата. Футуристичкиот пристап на нејзината конструкција е продолжен и на нејзината палуба, каде екипажот ќе го надгледува и контролира бродот со помош на префинети сензори, неколку камери и екрани, кои и професионалните гејмери ќе ги натераат да се засрамат.

Crystal Blue е само уште еден пример на Rolls Royce за иновативност, која ја негуваат како на земјата, така и во водата. Нивниот Unifled Bridge дизајн веќе сега се наоѓа на бројни суперјахти, како и нивната технологија за далечински контролиран влекач кој полека но сигурно, се шири во целиот свет. Едвај чекаме да дознаеме повеќе детали за овој проект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП