
Веќе ќе можеме да го пиеме првото кафе во денот преку четката за заби која ќе испушта мали количини кофеин во нашата уста.


Веќе ќе можеме да го пиеме првото кафе во денот преку четката за заби која ќе испушта мали количини кофеин во нашата уста.
Компанијата „Colgate-Palmolive“ веќе бара одобрување на патетнтот кој истовремено ќе не буди и ќе ни ја одржува хигиената во устата.

Четката исто така ќе може да обезбеди орално внесување во нашиот организам на секакви лекови, лекови против болки, производи за слабеење и други работи.
Овој производ ќе биде достапен со различни вкусови – на лимон, боровинки и зелено јаболко. Четка ќе биде во можност да испушта и билни раствори. Дополнителните состојки ќе се испорачуваат преку посебна лента, која ќе се прикачува на задната страна на четката. Таа ќе има издржливост од три месеци.