26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбрахимовиќ не е повеќе најдобар во Шведска

Ибрахимовиќ не е повеќе најдобар во Шведска

Златан Ибрахимовиќ, иконата на шведскиот фудбал, прв пат по цела деценија не е прогласен за најдобар фудбалер на Шведска. Признанието замина во рацете на Андреас Гранквист.

Ибрахимовиќ се повелече од националниот тим по Европското првенство во 2016 година. Тој доминираше во изборот за фудбалер на годината во Шведска, бидејќи признанието го освојуваше од 2007 до 2016 година.

Вкупно, Ибрахимовќ наградата ја добил 11 пати, а ниту еден друг Швеѓанец не ја освоил повеќе од два пати.

По повлекувањето од репрезентацијата капитенската ленат од него ја презеде 32-годишниот Гранквист кој настапува во рускиот шампионат, во тимот на Краснодар.

Гранквист беше еден од јунаците во баражот за Мундијалот во Русија, во кој Шбедска успеа да ја елиминира Италија.

Инако изборот на Гранквист преставува изненадување, бидејќи главен фаворит за заградата беше Емил Форсберг кој го го предводеше Лајпциг до вицешампионската титула во Бундеслигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП