2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксуз во Швајцарија

Луксуз во Швајцарија

pot1

Хајнц Џулен, еден од најдобрите швајцарски архитекти, е главниот дизајнер на ова луксузно поткровје, лоцирано во малото село Зермат, Швајцарија. Ова прекрасно уредено поткровје сега е местото каде Џулен престојува.

Поткровјето е поранешна приватна куќа на Џулен, која му служела како екстравагантна дестинација за забави и собирања со пријателите.

Луксузниот простор располага со 300 метри квадратни и е направен во стил на поткровјата на Менхетн, а погоден е за оние кои бараат уникатни пејсажи и имаат особен интерес за убавите планини во околината.

Овој апартман е опкружен со инзвонредна природа и неверојатни пејсажи, а блискоста со природата е неоспорна. Просторот е преполн со природна светлина од подот до кровот, и изобилува со природна вегетација која го зголемува впечатокот со свежина и енергија.

Ентериерот, организацијата на мебелот и дополнителните делови кои ја украсуваат внатрешноста на овој дом го рефлектираат арт-деко стилот со модернистички ноти. Квалитетот и вредноста на внатрешните делови е со голема цена.

Опуштете се за миг и уживајте во фотографиите…

pot2

pot3

pot4

pot5

pot6

pot7

pot8

pot9

pot10

pot11

pot12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП