29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНовото најскапо ланче во светот (фото)

Новото најскапо ланче во светот (фото)

Ланчето со гигантски безбоен дијамант од 163.41 карати, најголем од својот вид, создаде фама во светот на јувелирството…

Аукциската куќа Christie’s го продаде ова асиметрично ланче декорирано со смарагди и дијаманти во текот на својата Magnificent Jewels аукција која се одржува во Женева, по цена од дури 33,5 милиони шварјцарски франци.

Пред продажбата, аукциската куќа процени дека ланчето ќе дистигне сума од триесет милиони долари и така ќе стане најскапо на светот.

Осумнаесет дијаманти ја красат едната страна на ланчето, додека смарагди ја декорираат другата. Неговиот главен украс е претходно споменатиот безбоен дијамант, најреткиот и највреден од својот вид.

„Совршено се вклопува – главниот камен со остатокот од ланчето, изгледа едноставно прекрасно“, изјави Фаваз Груоси, основач на брендот De Grisogono, водечкиот швајцарски јувелир кој го креираше ова едноставно парче накит.

Како што велат од Christie’s аукциската куќа, смарагдите се клучен дел во неговите колекции, бидејќи тој верува дека зелената боја симболира среќа. На креирањето на ова ремек дело работеле 14 стручни мајстори, преку 1.700 часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП