
„Microsoft“ ја претстави својата најнова конзола „Xbox One“, па сега можеме да ги погледнеме најважните моменти во врска со уредот.


„Microsoft“ ја претстави својата најнова конзола „Xbox One“, па сега можеме да ги погледнеме најважните моменти во врска со уредот.
Душата на новиот „Xbox One“ е неговата архитектура затоа што се во прашање три оперативни системи кои се составени во еден.
Првиот е самиот „Xbox“, вториот е „Windows“, додека третиот ги поврзува првите два и му овозможува на корисникот брз мултитаскинг само со помош на глас или гестови кои „Kinect“ автоматски ги поврзува со помош на камерата со 1080 пиксели и сензори за препознавање на гласот што е голем напредок во споредба со „VGA“ сензорот на стариот „Kinect“.

Новиот „Xbox“ поседува 8GB DDR3 RAM, „blue ray drive“, 500GB хард диск, HDMI, WiFi, „octa-core“ процесор и „USB 3“, a новиот контролер доживеа 40 нови промени, а пак новата x86 архитектура нема да дозволи играње на игри кои се наменети за „Xbox 360“.
„Xbox One“ во продажба ќе се појави на крајот од оваа година, а од „Microsoft“ не ги открија деталите кои се поврзани со цената.