24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарпош Соколи го претрпеa петиот пораз во ФИБА Еврокупот

Карпош Соколи го претрпеa петиот пораз во ФИБА Еврокупот

Карпош Соколи го забележа петтиот пораз во петтиот натпревар од ФИБА Еврокупот кога со само едно солидно полувреме на руското гостување кај Нижни Новгород резултатот на крајот беше 95:70 за домашниот тим.

Без Мекфејден и Делиќ во тимот, Карпош имаше одличен старт на мечот добивајќи ја првата четвртина со 22:19 и заостанувајќи само еден поен на полувремето (47:46), меѓутоа поголемиот избор на играчи на домаќинот се почувствува во второто полувреме за нов пораз во евронастапите за македонскиот вицешампион.

За тимот на Ангел Тасевски најефикасен беше Драган Лабовиќ со 23 поени, Чомагиќ имаше 18, а Соколов заврши на 11. За домаќините, Александер Захаров уфрли 30 поени и имаше 11 скока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП