Американскиот производител на играчки „Hasbro“ упатил понуда за купување на конкурентот „Mattel“, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на свој извор. Ова е уште еден обид за обединување на двата најголеми производители на играчки во САД.
Успешната трансакција би создала гигант кај детските играчи, обединувајќи ги брендовите „My Little Pony“ и „Monopoly“ на „Hasbro“ со куклите „Barbie“ и играчките „Hot Wheels“ на „Mattel“. Вкупната компанија би имала многу поголема ценовна сила при договарањето на телевизиски и филмските франшизи со студијата.
Позицијата на „Mattel“ кон „Hasbro“ не е јасна и воопшто не е сигурно дали ќе се материјализира зделката, вели изворот, кој побарал анонимност поради доверливоста на информациите.
Од „Hasbro“ и „Mattel“ одбиле да дадат коментар. Акциите на „Mattel“ скокнаа за 24% во берзанската трговија, а на „Hasbro“ со околу 3,3%.
„Hasbro“ има пазарна капитализација од околу 11 милијарди долари по речиси 18-процентно зголемување на цената на нејзините акции за 2017-та. Акциите на „Mattel“ паднаа за 47% оваа година, оценувајќи ја компанијата на 4,8 милијарди долари и правејќи ја повеќе ранлива цел за купување.
Банкротот во септември на „Toys “R” Us“ – најголемиот трговец на мало во САД, нагласува потешкотиите пред секторот, вклучувајќи онлајн конкуренција и променливите параметри на децата кон електронските наместо кон традиционалните играчки.
„Mattel“ се повикува на банкротот како причина за слабите продажби.
„И двете компании ќе имаат корист од спојувањето, но акционерите на „Mattel“ може да се спротивстават на договор кој ја проценува компанијата на најниската нејзината цена на акциите во моментов“, вели Ерик Гордон, професор во „Ross School of Business“ во „University of Michigan“.
„Hasbro“ и „Mattel“ воделе разговори на неколку пати во текот на годините, вклучувајќи во 1996-та година и на крајот на 2015-та година.