5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОд утре со појадокот испијте го и ова: Научно е докажано дека...

Од утре со појадокот испијте го и ова: Научно е докажано дека ќе бидете поздрави и послаби

Повеќето луѓе веруваат дека сокот од портокал е најдобриот избор, но овој напиток ќе ви помогне на многу повеќе начини.

Имено, часа сок од портокал во просек содржи 110 калории и ќе ви ја обезбеди дневната доза на витамин Ц, антиоксиданти кои ја штитат кожата од штетното делување на сонцето и мозокот од опасните супстанци кои се наоѓаат во загадениот воздух. Сепак, премногу сок може да предизвика оштетување на забната глеѓ.

Неодамнешното истражување спроведено на Институтот Истман за орално здравје при Универзитетот Рочестер, покажа слабеење на забната глеѓ за дури 84 проценти кај лицата кои пијат сок од портокал пет дена по ред. Слично делување имаат и останатите овошни сокови поради киселината која ја содржат, а многу полош избор е да пиете газирани пијалоци, кисела вода или енергетски напитоци.

Од друга стана, чаша млеко со 2 проценти млечни масти ќе ви обезбеди 20 проценти од вкупните дневни потреби за протеини и третина од потребната дневна количина на калциум. Неодамнешното истражување покажа дека личностите кои пијат наутро чаша млеко, чувстваат помалку глад до ручекот. Калциумот помага и во регулацијата на хормоните кои ја контролираат телесната тежина, а и млекото не е агресивно за вашите заби како сокот од портокал.

Доколку сте во можност изберете органско млеко од домашно производство без антибиотици и дополнителни хормони за раст, бидејќи таквото млеко ќе ви обезбеди и доволна количина на антиоксиданти кои ги содржи и популарниот џус.

Органското млеко содржи 75 проценти повеќе бета-каротен, 50 проценти повеќе витамин Е, антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и може да биде ефективен во борбата против некои видови на рак и срцеви заболувања, два до три пати повеќе лутеин и околу 70 проценти повеќе омега 3 масни киселини.

Заклучокот од експертите е јасен – со појадокот напијте се и една чаша млеко секој ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП