18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСеверна Америка и Кина ја поддржаа продажбата на Адидас

Северна Америка и Кина ја поддржаа продажбата на Адидас

Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ забележа уште еден силен квартал со раст на продажбата и профитот како резултат на проширување во Кина и Северна Америка, каде се бори за поголем удел на пазарот со конкурентот „Најк“, пренесува „Ројтерс“.

Продажбата за третиот квартал се зголеми за 9% до 5,6 милијарди евра, а нето добивката скокнала со над една третина до 526 милиони евра. Прогнозите на аналитичарите беа 5,8 милијарди и 512 милијарди евра, соодветно.

Продажбата на брендови „Адидас“ и „Рибок“ се зголемиле за 28% во Кина и со 23% во Северна Америка, но се намалиле за 17 отсто во Русија, за што компанијата ги обвинува „тековните предизвикувачки кориснички расположенија“ и затворањето на продавници.

„Адидас“ објави двоцифрено зголемување на продажбата на своите категории за трчање и активности на отворено, како и оригиналите и брендовите „Нео“. Но, компанијата соопшти дека приходите од фудбалските и кошарските производи се намалија, главно поради прекинот на двата главни спонзорски договори.

„Адидас“ и другата германска марка „Пума“ заработија  удел на пазарот во Северна Америка, откако корисниците се одлучуваат побрзо кон секојдневен спортски стил наместо кон кошарка и спортски производи, што го насочија кон „Најк“ и „Андер Армор“.

„Адидас“, кој зголеми годишните перспективи во јули, ја потврди прогнозата за раст на продажбата за 2017-та година помеѓу 17 и 19% и за зголемување на нето добивката помеѓу 26 и 28%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП