26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКосчелни по Мундијалот ќе се повлече од националниот тим

Косчелни по Мундијалот ќе се повлече од националниот тим

Францускиот репрезентативец Лоран Косчелни рекол дека ќе се повлече од националниот тим по завршувањето на Мундијалот во Русија. Косчелни во кариерата има одиграно 49 натпревари за Франција. Тој за репрезентацијата дебитираше во 2011 година на натпреварот против САД.

„Се има свој крај. По Мундијалот ќе имам речиси 33 години и тоа ќе биде вистинскиот момент да ја напуштам репрезентацијата. Имам уште шест месеци да процветам во францускиот тим и да направам уште повеќе спомени, како што вели мојата сопруга“, рекол дефанзивецот на Арсенал за „Лекип“.

Косчелни со француската репрезентација има играно на три големи натпреварувања и беше дел од тимот кој лани го освои второто место на Европското првенство.

Дефанзивецот во досегашната кариера има проблеми со повредата на глуждот, а за „Скај“ рекол дека секојдневно оди на терапии и поради проблемите со ахиловата тетива.

„Секое утро тоа го правам и така ќе биде до крајот на кериерата. Засега е во ред, но понекогаш кога играме натпревари на секои три дена чувствувам дека ми е тешко и дека морам да се рехабилитирам“, дополнил Косчелни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП