10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Европејците им се заканува беда

На Европејците им се заканува беда

siro1

Европскиот модел на социјална држава мора да се промени и прилагоди, инаку ќе биде уништен од должничката криза и мерките за штедење кои се последица од кризата.

Доколку тој модел се сруши, голем број на луѓе ќе паднат под линијата на сиромаштијата, а некои ќе се најдат и во трајна сиромаштија од која ќе им биде тешко да се извлечат до крајот на животот.

Овој и други слични, подеднакво црни заклучоци се произлезени од прегледот на вработувањето и социјалната состојба во ЕУ во 2012 година, кој е објавен на речиси 500 страници, објави Европската комисија.

Социјалната состојба во ЕУ е загрижувачка

„Невработеноста достигна ниво кое досега не е забележано во речиси две децении. Приходите во семејствата опаѓаат, а опасноста од сиромаштија и социјалната исклученост се уште расте“, вели европскиот комесар Ласло Андор, кој го презентираше овој годишен преглед.

Сиромаштијата се враќа во Европа

Документот не содржи решенија и не предложува начини за прилагодување на европскиот модел на социјална држава (авторите само велат дека тоа треба да се направи во различни држави, на различен начин), но даваат еден куп на податоци, со кои Европската унија во 2012 година, од лоша економска и социјална состојба преминала во уште полоша.

„Групите на кои им се заканува трајна сиромаштија се млади, возрасни, неактивни или невработени жени, самохрани мајки, возрасни работоспособни луѓе кои престанале да работат ….“, се наведува во анализата.

Но, додека Европејците во некои земји како Бугарија, Грција, Италија, пагаат под границата на сиромаштијата и не успеваат доволно брзо и во доволно голем број да се издигнат над границата, во земјите како Австрија, Франција и Велика Британија, сепак, владее друг тренд: таму голем број на граѓани паднале под границата на сиромаштијата, но и голем број на граѓани се  искачиле високо над границата. Тоа покажува дека не постои еден европски модел за социјална држава, туку повеќе различни, помали и поголеми модели за повеќе различни земји.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП