28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba започна да користи дронови за достава

Alibaba започна да користи дронови за достава

Кинескиот гигант за е-трговија „Alibaba“ вчера објави дека употребил дронови за достава на пакети преку вода за прв пат…

Три беспилотни летала кои носеле вкупно шест кутии маракуја со вкупна тежина од приближно 12 килограми одлетаа од Путиана во источната кинеска покраина Фуџијан на околниот остров Меиџоу на 31 октомври, објавија вчера од компанијата.

Летајќи по силниот ветер, на беспилотните летла им биле потребни девет минути за довршување на пет килограми долгиот пат. Секое летало може да носи до седум килограми.

Леталата заедно ги развија подружницата за достава на „Alibaba“ „Cainiao“, руралната платформа за купување „Rural Taobao“ и домашна тешнолошка компанија. Тенг Јинмеи, сопственик на интернет продавница сместена на островот, изјави дека услугата за достава со беспилотни летала ќе ги намали трошоците за превоз за половина и ќе заштеди на логистички трошоци.

„Alibaba“ подготви дополнителни летала во пресрет на престојниот празник „Ден на самците“ на 11 ноември.

Денот, кој се споредува со Црн петок во Соединетите Американски Држави, стана празник во Кина откако „Alibaba“ ја покрена големата промотивна кампања во 2009 година, пренесува CRI.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП