3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTotal ќе започе со дупчење во близина на Кипар во почетокот на...

Total ќе започе со дупчење во близина на Кипар во почетокот на 2018-та

Француската компанија „Total“ ќе започне со бушење во блокот 6 на кипарската економска зона на почетокот од следната година. Ова стана јасно по средбата на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис со претставници на енергетскиот гигант во Париз, соопштуваат грчките електронски изданија, цитирани од агенциите.

Шефот на државата на Кипар беше во работна посета на францускиот главен град, каде што се состана со францускиот колега Емануел Макрон и со директорите на „Total“.

Кипарскиот владин портпарол Никос Христодулидис рече дека состанокот со претставниците на компанијата бил многу конструктивен и дека на него биле дискутирани идните планови на француската компанија која ги истражува наоѓалишта заедно со италијанската „Eni“ во Кипар.

Емануел Макрон изјави дека Франција целосно го поддржува присуството на француската енергетска компанија во Кипар. Во разговорите двајцата претседатели изразија подготвеност да ја прошират соработката меѓу Франција и Кипар во сите области, вклучително и во енергетскиот сектор.

Макрон и Анастасиадис, исто така, разговараа за кипарскиот проблем, а францускиот претседател изјави поддршка за напорите за негово решавање. Тој рече дека „постигнат е значителен напредок во разговорите за обединување на островот, кој се должи на кипарскиот претседател“.

„Кога Република Кипар одлучи да бидат обновени преговорите за островот, Франција ќе ги поддржи. Франција е на страната на Кипар и ако биде побарано од неа да учествува во преговарачкиот процес за островот, таа ќе се вклучи во својство на постотјаниот член на Советот за безбедност на ООН“, рече Макрон.

За време на разговорите, акцент во билатералните односи е ставен не само на енергијата, туку е и на одбраната, евро-турските односи и регионалните прашања.

Францускиот претседател ги истакна силните одбранбени односи со Кипар, додавајќи дека надлежните агенции на двете земји ќе развијат предлози за одбранбена соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП