17 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна вила во Далас

Луксузна вила во Далас

ds2

Овој имот претставува оаза на луксузот со скапоцени декоративни додатоци. Оваа луксузна вила во Далас има сопствена куглана, потоа билијард сала и тениски терен.

Раскошната вила во сопственост на богат бизнисмен со недвижнини изградена е во 1930 година, а сега е ставена на продажба за цена од 25 милиони долари.

Идниот сопственик на располагање ќе има голем број на забавни содржини, бидејќи сопствениците не штедеа пари за опремување на просториите за забави.

Така, градбата е опремена со базени, осветлени тениски терени, билијард сала, домашно кино и куглана… Покрај сето тоа, таа има и пет спални соби и дури девет бањи.

Најинтересна, секако е кугланата, која ја направи синот од првиот сопственик на вилата и основач на „Super Bowl“, Ламар Хант.

Просторијата има четири ленти за куглање, флет тв, неонски светла и бар инспириран од 50-те години на минатиот век, а во опремувањето на истата се вложени 1,5 милиони долари.

ds1

ds3

ds4

ds5

ds6

ds7

ds8

ds9

ds10

ds11

ds12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП