Овој фантастичен резорт е еден од најдобрите во Бали, тој е прекрасно место кое ви нуди можност за релаксација и уживање…
„Aston Bali Beach Resort & Spa“ се наоѓа на идиличната обала Нуса Дуа, што значи два острова. Тој е прекрасен реномиран интернационален хотел со 5 ѕвездички, се наоѓа 40 км од Денпасар и 20 минути од Интернационалниот аеродром во Бали.
Тој се состои од 187 прекрасни соби и апартмани. Внатрешноста на собите е совршено декорирана со современиот стил на Бали и потполно оплеменета со луксузни погодности. Тука се и рестораните, вкупно четири, тие се различни и совршени за дегустирање на разни интернационални кујни, како на пример азиската, италијанската, балиската и западната кујна. Хотелот поседува и три бара, за уживање во специфичните коктели и останати освежителни напитоци. Дополнително овој луксузен резорт содржи и лагуна базен, базен за пливање и неверојатен спа центар.
Ако сте во потрага по совршена доза на луксуз, во овој хотел имате можност дури и да ја организирате вашата свадба. Местото е одлично и за меден месец, приватни вечери, забави…
Во хотелот можете да уживате и на прекрасните голф терени, да ги посетите уметничките галерии и останатите интересни погодности. Доколку уживате во спортските активности, овој хотел ви нуди одлична можност за повеќе спортови на вода.
Уживајте во прекрасните фотографии…