Добредојдовте во егзотичниот Тајланд…
Фантастичен поглед, неверојатни луѓе, интересна храна и активности кои би можеле да изгледаат егзотично за западните туристи.
Вилата „Baan Cittа“ се наоѓа во северниот дел од раздвижениот Бангкок. Таа е дело на „XXS“, дизајн студио кое се фокусира на балансирањето на естетиката и функционалноста.
Навистина фантастична, современа и со прекрасен поглед на езерото. Можете да уживате во убавото зајдисонце, да го чувствувате убавото ветре и да се релаксирате.
Куќата е пространа и навистина инспиративна, дизајнирана со стилски парчиња мебел со висок квалитет. Нејзината едноставност ќе ве натера да се запрашате зошто е толку луксузна. Одговорот лежи во најквалитетните материјали и парчиња на мебел кои се наоѓаат во неа.