17 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСовршенство и луксуз без маани - Baccarat Hotel во Њујорк (фото)

Совршенство и луксуз без маани – Baccarat Hotel во Њујорк (фото)

Кога ќе го слушнете името Baccarat се сеќавате на игрите со карти, или француската компaнија кога го освои целиот свет со своите крeации од кристали…

Пред неколку години Baccarat приказната беше пренесена на ново ниво, кога беше отворен првиот хотел со нивното име во срцето на Њујорк, спојувајќи го францускиот луксуз и префинетата обработка на кристали на најубавиот можен начин. Нормално кристалите во овој хотел се наоѓаат секаде, а лустерите во неговиот гламурозен ентериер се обележје за луксуз кој постојано ќе ви биде над главата.

На пример, лобито на овој хотел е декориран со 1,800 чаши, додека секоја од 114-те соби има различна чаша во својот ентериер, гордо изложена во специјална витрина. Нудејќи префинет микс од соврмениот париски декор и модерниот луксуз, овие угледни соби имаат телевизори со висок кавлитет, брз интернет, безжични аудио системи, како и луксузни бањи и одвоена дневна соба.

Њујоршкиот Baccarat Hotel & Residences исто така содржи и шик ресторан, кој ви нуди модерен пристап до француската кујна, додека елегантниот бар со заоблени тавани ви обезбедува совршено опкружување за разговор, уживање во омилениот пијалок или шојла чај.

Овој хотел исто така ве охрабрува да се опуштите в0 неговиот спектакуларен spa & wellness центар кој содржи и теретана и затворен базен. Инаку, хотелот се наоѓа на неколку чекори од MoMA музејот, катедралата Св Патрик и бутиците од познатите брендови како што се Gucci, Prada, Ralph Lauren, Burberry и Cartier.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП