Рускиот енергетски гигант „Роснефт“ и иранската нафтена компанија „NIOC“ потпишаа патоказ за реализација на стратешки проекти за производство на нафта и гас на територијата на Иран. Ова го изјави шефот на руската нафтена компанија Игор Сечин на новинарите во Техеран.
Двете компании можат да остварат нафтени и гасни проекти со инвестиции до 30 милијарди долари и екстракција до 55 милиони тони нафта годишно.
Патната карта овозможува следни сметки за конкретни проекти за нафта и гас да бидат потпишани во наредната година.
Сечин истакнал дека не станува збор само за нафта и гас, но и за спроведување на свопови операции, што според бизнис порталот „РБК“ значи размена на суровини за олеснување на логистичките операции, набавка на нафта и нафтени производи, обука на државни службеници .
Прес-секретарот на „Роснефт“ Михаил Леонтиев одби да ги коментира деталите од меморандумот.
„РБК“ посочува дека „Роснефт“ не е првата руска енергетска компанија заинтересирана за спроведување на проекти во Иран. Договори со Техеран веќе потпишаа „Газпром“, „Лукоил“, „Газпром нафта“, „Татнефт“, “Зарубежнефт“. Во јуни пример „Газпром“ се договори со „NIOC“ за заеднички развој на гасното наоѓалиште „Farzad B“, потсетува „РБК“.