27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот „Hill Resort and Wellness“ хотел во Канада (фото)

Луксузниот „Hill Resort and Wellness“ хотел во Канада (фото)

Длабоко во долината Оканаган, се наоѓа прекрасното архитектонско ремек дело.

„Hill resort and Wellness“ хотелот е опкружен со прекрасниот планински предел и кристално чистото езеро „Оканаган“. Освен навистина магичното опкружување, кое ќе ви овозможи незаборавен одмор, комплексот поседува раскошно дизајниран спа центар.

Хотелот ви нуди можност за вистинска релаксација, започнувајќи од третманите во кристалната хидромасажна бања, терапевтска масажа, па се до комплетна естетска програма покрај камин украсен со Сваровски кристали.

Хотелот поседува 152 апартмани и соби. Неговата внатрешност зрачи од луксуз и елеганција, во неговата внатрешност се сместени предмети со голема вредност, како на пример скулптури од многу вредни камења.

Доколку би сакале да бидете гостин и да уживате во оваа прекрасна убавина, ќе мора да платите 137 долари за една ноќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП