4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТелефоните ги уништуваат фотоапаратите - Nikon затвора фабрика

Телефоните ги уништуваат фотоапаратите – Nikon затвора фабрика

Познатиот производител на фотоапарати, Nikon ќе ја затвори својата фабрика во Кина.

Станува збор за фабрика во провинцијата Јиангс на источниот брег на оваа азиска држава. Фабриката е отворена во 2002 година и вработува 2.500 работници.

Работеа на производство на entry-level компактните дигитали фоапарати и уште некои делови за Single Lens Reflex (SLR) фотоапаратите.

Причина за затворање на фабриката се крие во фактот дека корисниците се почесто наместо „entry-level“ компактните дигитални фотоапарати се одлучуваат на купување на смартфони, кои со развојот на технологијата имаат се подобри камери.

Според прелиминарните податоци, компаниите до крајот на оваа фискална година ќе забележи пад на продажбата на фотоапарати за 28 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП