29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТрет европораз на Карпош Соколи

Трет европораз на Карпош Соколи

Карпош Соколи и во третиот натпревар од ФИБА-еврокупот беше поразен кога на гостувањето во Унгарија загуби од Фалко Вулкано со 108:87.

Вицешампионот под водството на новиот тренер Ангел Тасевски на почетокот на мечот беше израмнет тим во Сомбатељ одржувајќи ја разликата минимална (31:27), меѓутоа како што течеше мечот, посилниот унгарски сотав ја зголемуваше предноста за на полувремето да биде 64:49.

Најефикасен кај Карпош беше Американецот Џејлон Браун со 23 поени, а зад него беа Тадеус Мекфејден со 18 и Драган Лабовиќ со 17 поени. Следен меч за Соколи во Еврокупот е против уште еден унгарски тим, Солнок, на 8 ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП