21 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕГрандиозен имот во Беверли Хилс (фото)

Грандиозен имот во Беверли Хилс (фото)

Беверли Хилс е локација позната по своите луксузни вили, а овој медитерански имот со влијание на стилот од класичната Франција и Италија, совршено се вклопува тука…

Оваа вила која е изградена во 2010 година, се наоѓа во срцето на т.н. Златен триаголник и нуди совршени 2.500 квадратни метри луксузен животен простор, поделен на осум спални соби и четиринаесет бањи. Она што е забележливо во оваа вила е беспрекорното внимание посветено на деталите, како и употребата на висококвалитетни материјали и големиот број на луксузни погодности.

Самиот нејзин луксуз е величествен, со високи тавани и феноменални скалила, кои се само додаток на прекрасниот мозаик на подот, рачно направен од италијански камен и мермер. Главниот кат се состои од формална дневна соба со камин, а преку француските врати се отвoра кон прекрасната градина.

Гурманската кујна е многу пространа и добро опремена. Таа е уредена со камени ѕидови и подви, заоблен таван и совршен простор за појадок.

Останатите простории во оваа луксузна вила кои привлекуваат внимание се двокатната библиотека и канцеларијата, со рачно изработените елементи од дрво од костен. Тука е и магичниот спа центар со затворен базен, теретана и сауна, домашното кино со простор за десет лица, па и приватната куглана.

Овој совршен и луксузен имот во моментов е на продажба по цена од 55 милиони долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП