20 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИМекдоналдс го менува името, а до 2022-ра година...

Мекдоналдс го менува името, а до 2022-ра година…

Еден од најпознатите брендови на светот, американскиот ланец за брза храна, „Мекдоналдс“, ќе го промени своето име.

Пред да почнете да паничите дека „Мекдоналдс“ ќе доживее целосна трансформација, промената на името ќе се случи само во Кина, и тоа само на хартија.

Oваа компанија ќе го промени своето име во „Golden Arches (China) Co Ltd“. Како што е наведено, името на ресторанот не мора да се промени, но акцентот на промената е на ниво на бизнисот поради деловната дозвола

Oваа промена има за цел подобрување на продажбата во постоечките ресторани, како и проширување на продажните места.

Американскиот ланец за брза храна донесе ваква одлука по договорот претходно во оваа година, „Мекдоналдс“ да го продаде своето работење во Кина и Хонг Конг. Новиот бизнис план подразбира дека двојно ќе го зголеми бројот на продажни места, т.е. ресторани во Кина, на 4.500 до 2022-ра година.

„Нашето име на ресторанот ќе остане исто, промената е само на ниво на бизнис дозволата“, рече портпаролката Реџина Хуи, одбивајќи да даде коментар за оваа промена.

„Мекдоналдс“ во Кина и Хонг Конг е со 52 отсто во сопственост на „CITIC“, a 28 проценти во рацете на „Carlyle“, па така „Мекдоналдс“ всушност има само 20 посто удел во целиот бизнис.

„Мекдоналдс“ неодамна ги објави резултатите од продажбата кои беа подобри од очекуваните во САД, а забележана е и силна продажба во Британија и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП