6 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕРелаксирајте се и уживајте во овoј спектакуларен хотел во Кан (фото)

Релаксирајте се и уживајте во овoј спектакуларен хотел во Кан (фото)

На само неколку чекори од прекрасните плажи La Kroizet и иконската палата на Фестивалот во Кан, спектакуларниот Five Seas Hotel е едно од оние места за кое сите сонуваат, но малку луѓе имаат прилика да го посетат.

Нудејќи ви нов пристап до луксузното сместување во самото срце на Кан, овој луксузен резорт може да се пофали со бројни нешта, покрај очигледно завидната локација.

Неговите елегантни соби и апартмани имаат современ дизајн, кој е прекрасно акцентиран со магичниот поглед на морето или стариот град. Клима, ТВ сетови, бесплатен мини бар и вифи интернет се само некои од погодностите за кои денес сите чезнееме, додека луксузната бања од мермер, со Carita тоалетен прибор ја комплетира оваа понуда.

Кога ќе огладните, посетете го петтиот кат на хотелот каде се наоѓа хотелскиот ресторан Le Roof, кој ќе ги задоволи сите ваши сетила со спектакуларните пици и јадења. По неверојатното гастрономско искуство, на гостите им се препорачува и посетата на спа центарот, каде ве очекува хамам, две сауни, соби за релаксација со третмани кои ќе направат да се чувствувате незаборавно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП