Нето добивката на Банката заклучно со 30.09.2017 година изнесува 1.528.534 илјади МКД и е повисока за 32,8% во однос на истиот период од 2016 година.
Нето каматните приходи, заклучно со 30.09.2017 година се повисоки за 5,7% споредено со истиот период од претходната година, при што приходите од камати се пониски за 1,4%, додека расходите по камати се пониски за 24,4%.
Нето приходите од провизии се повисоки за 8,0%, при што приходите од провизии се повисоки во однос на истиот период од минатата година за 7,8% како резултат на остварен пораст во доменот на картичното работење (зголемен број на картички, повисок промет преку картичките и зголемен број на трансакции на ПОС терминали), повисоки приходи од платен промет во земјата, како и повисоки приходи од провизии од продажба на полиси и управување со трансакциски сметки. Расходите за провизии се повисоки за 7,3%, главно поради повисоки расходи за провизии за меѓубанкарско порамнување од картично работење, соодветно на зголемениот промет со картичките.
Останатите некаматни приходи изнесуваат 371.390 илјади МКД и се повисоки за 56,1% во однос на истиот период од минатата година поради ослободување на резервации за правен ризик.
Вкупните приходи од работење изнесуваат 3.260.965 илјади МКД и се повисоки за 10,3% во однос на истиот период претходната година.
Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.342.524 илјади МКД и се пониски за 6,3% во однос на истиот период претходната година. Трошоците за вработени се повисоки за 2,9%, трошоците за амортизација се повисоки за 15,4%, додека останатите расходи од дејност се пониски за 16,8% во однос на истиот период од претходната година главно поради повисока споредбена основа минатата година кога беа издвоени резервации за правен ризик кои годинава се ослободени по добиена конечна позитивна пресуда за еден предмет.
Заклучно со 30.09.2017 година, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства во износ од 109.311 илјади МКД, што е за 51,5% помалку споредено со истиот период од претходната година и соодветствува на структурата и квалитетот на пласманите на Банката.
Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 139.226 илјади МКД и се повисоки за 233,2% во однос на истиот период од 2016 година, поради пресметка на целосно оштетување на средствата кои се преземени пред април 2013 година, согласно Одлука на НБРМ за сметководствен и регулаторен третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања.