6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЌе ги полниме батериите на мобилните за помалку од 20 секунди

Ќе ги полниме батериите на мобилните за помалку од 20 секунди

v290717p0

Тинејџерка од Калифорнија го привлече вниманието на компанијата „Google“, но и на конкурентите со својот изум кој би можел да ги полни батериите на телефонот за само 20 секунди.

Еша Кар на интернационалниот „Intel“ саем кој се оддржа во Феникс беше наградена за својот изум, супербрзиот полнач кој би можел да доведе до револуција во начинот на полнење на мобилните уреди.

Станува збор за таканаречен суперкапацитор, кој може да произведе голема количина на енергија во мал простор подолго време, а кога е потребно празнење, тоа се остварува навистина брзо.

Тој трае до 10.000 циклуси на полнење и празнење, во споредба со 1.000 циклуси на конвенционалните батерии кои можат да се полнат.

До сега Еша го користела својот уред за напојување на LED диоди, а во иднина се очекува уредот да се вградува и во мобилните телефони и другите преносни уреди кои се користат во светот, а со тоа да им се овозможи на нивните корисници да бидат помалку зависни од полначите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП