6 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна вила во срцето на Дубаи (фото)

Луксузна вила во срцето на Дубаи (фото)

За сите оние кои во некој момент посакале да се преселат во Дубаи, сега е вистинско време!

Доколку се прашувате зошто, одговорот е многу едноставен: на продажба е оваа луксузна вила од 3 илјади квадратни метири која може да стане вашиот идеален нов дом. Со седум пространи соби, ист број на бањи и земја која зафаќа површина од 3.530 квадратни метри, оваа вила во центарот на Дубаи е се само не обична.

Вилата е сместена во населбата Emirates Hills, веднаш до секторот Е и на самиот крај на два големи терени за голф. Во нејзина близина исто така се наоѓаат и тениски терени, базен, игралиште за деца, здравствен клуб и дел за шопинг.

Поради големината и содржината која е застапена на овој имот (базен со контролирана температура на водата, средени градини, тераса на кровот со бар и дел за подготуввање на храна и џакузи), вилата може да се смета за голема луксузна резиденција. Поради местото на кое се наоѓа, вилата (како и целата населба) е под високо обезбедување, така што безбедноста овде е загарантирана.

Внатрешноста на вилата зрачи со елеганција и гламур. Богато е декорирана во светли заситени бои, исполнета со француски мебел изработен по мерка, додека секој употребен материјал за финиширање на ентериерот директно е увезен од Европа. Центарот на градот е на само 12 мин одалеченост од вилата, што значи дека на нејзините идни станари никогаш нема да им биде здодевно.

Цената на оваа луксузна вила изнесува 34 милиони американски долари, што и не е многу со оглед на тоа што нуди бескрајни можности за сопствениците…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП