20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБонучи поради суспензија нема да настапи на дербито со Јувентус

Бонучи поради суспензија нема да настапи на дербито со Јувентус

Капитенот на Милан, Леонардо Бонучи, нема да може да настапи на наредните две средби поради црвениот картон што го доби на неделниот натпревар во Серија А со Џенова.

Дефанзивецот на Милан во еден воздушен дуел со лакотот го удри противничкиот фудбалер Алесандро Роси поради што тој почна да крвави.

Бонучи доби црвен картон по консултациите помеѓу главниот судија и помошниците и прегледувањето на снимката.

Милан од 25. минута остана со играч помалку на теренот и не успеа да забележи победа над Џенова. Дуелот на „Сан Сиро“ заврши без голови.

„Росонерите“ по девет натпревари во Серија А се наоѓаат на 11. место со 13 бода, 12 помалку од лидерот Наполи.

Поради казната, Бонучи ќе ги пропушти натпреварите со Киево во Верона и со Јувентус во Милано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП