24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНезгодно европско деби за Соколи

Незгодно европско деби за Соколи

Тимот на Карпош Соколи загуби во првиот меч од групната фаза на ФИБА-еврокупот на гостувањето во Солнок, Унгарија, со 94:73.

Домашниот тим започна силно и по израмнетите први минути, изгради предност од 10 поени по првата четвртина, која во текот на натпреварот ја одржуваше до полувремето (41:34) за на почетокот на второто полувреме да ја осигури победата.

За Соколи најефикасен беше Американецот Тадус Мекфеден, кој ги одигра сите 40 минути и имеш 15 поени и 6 скока, Џејлон Браун имаше 13 поени, а Стојан Ѓуровски и капитенот Кирил Николовски по 11 поени. За домаќините, пак, најефикасен беше поранешниот играч на Соколи, Кендрик Пери, со 16 поени. Тимот на тренерот Борче Даскаловски не можеше да смета на Ненад Делиќ, кој воопшто не отпатува во Унгарија.

Ова беше прв натпревар на македонскиот вицешампион во групата во која има уште еден унгарски тим, Фалко Вулкано, но и рускиот Нижниј Новгород. Следен меч за Карпош е домашниот дуел со Нижниј Новгород на 25 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП