6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРазвиена првата паметна пушка со која тешко се промашува

Развиена првата паметна пушка со која тешко се промашува

puska1

Американската компанија „Tracking Point“ разви пушка со која поради бројната технологија се нишани многу прецизно.

Во паметната пушка е вградена технологија која овозможува прецизно погодување на метата од многу голема раздалеченост.

puska

По пат на оптика и апликација се означува вашата метата и доволно е само да се кружи околу метата додека нишанот не се поклопи со црвената точка, тогаш погодокот е загарантиран.

puska3

И воопшто не е важно дали метата стои, се движи во маса со други луѓе, вози на велосипед или во автомобил, кога еднаш ќе ја означите метата апликацијата ви дава знак за повлекување на чкрапалото. Тогаш зрното патува директно и сигурно кон метата.

puska2

Оваа пушка може да биде од голема помош во ситуации како киднапирања, но поради проблемите со тероризмот пушката може да биде многу опасна доколку се најде во рацете на погрешни луѓе.

На развојот на оваа технологија во текот на три години работеле 70 луѓе, а цената на пушката ќе изнесува околу 22.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП