4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOracle инвестира 100 милиони евра во Романија

Oracle инвестира 100 милиони евра во Романија

oracle1

Американскиот производител на софтвер „Oracle“ ќе инвестира околу 100 милиони евра во Романија.

„Станува збор за нова инвестиција за проширување на постојниот капацитет на „Oracle“, која ќе изнесува 100 милиони евра“, изјави романскиот министер за инфраструктурни проекти Сан Шова.

Во текот на април, романскиот премиер Виктор Понта и министерот за телекомуникации Дан Ник разговараа со заменик директорот на „Oracle Corporation“, Сафра Кац и генералниот директор на „Oracle Rumunia“ Сорин Мандруческу, кои изјавија дека бројот на вработени во романската подружница достигна 2.500 лица, и дека „Oracle“ ќе продолжи да се шири во Романија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП