19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПосетете го луксузниот Sukhothai хотел (фото)

Посетете го луксузниот Sukhothai хотел (фото)

Овој хотел своето име го добил по старото тајландско кралство, кое постоело и цветало пред околу седум века…

„Sukhothai“ хотелот во Бангкок за цел има да ја разбуди старата слава и традиција во модерното опкружување. И немаше да биде се така сјајно ако во склоп на овој хотел не се наоѓаше спа центар. „Spa Botanica“ е оаза на мирот, со седум апартмани од тиковина и камења, кои се отвораат кон бујните градини и лотусовите езера, со ароматични јапонски кади и базени, кои ја комплетираат оваа совршена визија. За да се додаде допирот на западот, тука се сместени и неколку тениски терени.

Мотивот на тиковината е евидентен и во дизајнот на 210-те пространи и совршено опремени соби и апартмани во кои се сместуваат гостите на овој хотел. Богатите тајландски ткаенини се наоѓаат насекаде околу вас, без разлика дали паѓаат од плафоните или лежат на мебелот.

Што се однесува до храната, во овој ресорт се наоѓаат четири ресторани, кои одговараат на многу вкусови и барања. Ви препорачуваме да ја пробате тајландската кујна во наградуваниот ресторан „Celadon“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП