28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБудуќност ја порази Црвена звезда

Будуќност ја порази Црвена звезда

Црвена звезда доживеа домашен пораз од Будуќност со 75:79 во дербито на четвртото коло на АБА-лигата за веќе да нема непоразени тимови во регионалното натпреварување.

Во реприза од финишот на мечот против Жалгирис, Звезда имаше шанса да го реши мечот во неизвесната завршница, но Фелдин промаши отворен кош, по што гостите ја потврдија победата.

Најефикасен кај Звезда беше Тејлор Рочести со 23 поени, а македонскиот репрезентативец Перо Антиќ одигра 15 минути од мечот и постигна само три поени откако беше исклучен, прво поради техничка, а потоа поради неспортска грешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП