28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПад од четири места на Македонија на листата на ФИБА

Пад од четири места на Македонија на листата на ФИБА

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ја објави ранг листата на репрезентациите, на која Македонија назадува за четири позиции и сега за наоѓа на 38.место.

ФИБА во соопштението објави дека листата е резултат на она што репрезентациите го постигнаа во квалификациите, но и на натпреварите на официјалните натпревари кои се во нејзина организација.

Македонија летово одигра лошо во претквалификациите и не успеа да избори пласман во квалификациите за Светското првенство во 2019 година во Кина.

Македонската кошаркарска репрезентација назадуваше за четири места и сега се наоѓа на 38.место во светот, односно 21.место во Европа. На светската листа на ФИБА има 153 репрезентации, додека на листата на ФИБА Европа има 38 селекции.

Инаку најголем скок на листата напаравија европските селекции Холандија од 38 места и сега се наоѓа на 46.место, потоа Црна Гора и Исланд кои напредуваа за 37 позиции и Естонија која „скокна“ за 35 места.

На врвот на ФИБА листата се САД пред Шпанија, Србија, Франција и Аргентина, додека новиот европски шампион Словенија е на седмото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП