
Ако секое утро тешко се будите, бидејќи сте сонувале за својата совршена вила на плажа, ја имаме вистинската работа за вас…


Ако секое утро тешко се будите, бидејќи сте сонувале за својата совршена вила на плажа, ја имаме вистинската работа за вас…
Магичната, повеќе-милионска вила, сместена во срцето на Малибу е достапна за купување, а го носи називот Villa Sogno. Оваа вила на плажа има пет спални соби и десет бањи, а се наоѓа на само неколку чекори од познатата Зума плажа.
Со својата фантастична конструкција, оваа резиденција е сместена на имот од четири хектари и има површина од околу 1.100 квадратни метри луксузен простор, со неколку префинети делови за седење, со камин, кујна со отворен концепт и бројни други погодности од современиот свет.
Идните сопственици на оваа вила секако дека ќе уживаат во осветлетните спални, прозорците од подот до таванот, декорираните ѕидови, во винскиот подрум, класичното и удобно домашно кино, пространата соба за игри и фитнес собата која содржи се што ви е потребно.
Оваа вила има и грандиозен базен и џакузи када, што секако е шлаг на тортата во оваа понуда. Вашето уживање може веднаш да започне, доколу имате 30 милиони долари за да ја купите.












