4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRosneft загосподари со Медитеранот

Rosneft загосподари со Медитеранот

Рускиот нафтен гигант „Rosneft“ објави дека од италијанскиот „Eni“ за 1,13 милијарди долари купил 30 проценти од уделот во гасното поле Зохр.

Тоа е најголемото лежиште на гас на Медитеранот.

Од руската компанија сооптшија и дека на италијанската компанија и го рефундирале својот удел во трошоците од претходните проекти, на наведувајќи го износот.

Во „Rosneft“ сметаат дека благодарение на таа трансакција ќе стекнат искуство во развојот на гасни полиња на море.

„Eni“ го откри наоѓалиштето Зохр во 2015 година во приморскиот брег на Египет. Резервите на гас во полето со површина од 231 квадратни километри надминуваат 850 милијарди просторни метри и е најголемо на Медитеранот.

Учествувањето во развојот на на единствен производен имот ќе ја зајакне позицијата на „Rosneft“ на стратешките пазари во Европа и на Блискиот исток“, се наведува во соопштението на руската компанија чиј мнозински сопственик е владата во Москва.

„Rosneft“, инаку, со „Eni“ има заеднички гасни полиња и на Јадранот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП