22 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАTwitter го проширува дата-центарот

Twitter го проширува дата-центарот

430x242

Компанијата „Twitter“ има во план  да започна со проширување на инфраструктурата, особено на центарот за податоци во САД, бидејќи тие очекуваат раст на бројот на корисници во следните неколку месеци. Иако на крајот на минатата година социјалната мрежа додаде цели 9.000 квадратни метри на серверот во QTS (Quality Technology Services) во Атланта кој што го изнајмуваат, сега очигледно се планира уште поголемо проширување.

Интересно е што засега не се знае што ќе направи „Twitter“ за да привлече толку многу корисници во наредните месеци, но во моментов можеме само да претпоставуваме. И покрај се сепак вистински чекор напред за нив би било изградба на свој дата-центар како што направија „Facebook“, „Apple“ и „Google“ пред време.

Во моментов, компанијата продолжува да изнајмува просотор во различни компании кои се занимаваат со оваа проблематика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП