20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на скулптури од Никола Смилков во ЦК „Марко Цепенков“

Изложба на скулптури од Никола Смилков во ЦК „Марко Цепенков“

Во вторник 10 октомври 2017 во 19.00 часот во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде отворена изложбата на скулптури од македонскиот уметник Никола Смилков.

„Апстрактниот, но длабоко асоцијативен скулпторски израз на, веќе истакнатиот македонски уметник, Никола Смилков, ни нуди мали монументи на емотивни реминисценции. Затоа неговата геометрија е емотивна, длабока и персонализирана. Тоа не се ладни, стерилни геометриски форми, ами јасно изразени антропоморфни, дури и персонализирани фигурации. Со тоа, тие нималку не се апстрактни во својата содржина, затоа што длабоко проникнуваат во суштината и во себе носат јасна емоција – реминисценција на едно детство. Минимализмот, пак во изразот кај Смилков, е избрусен скоро до совршенство. Да направел скулпторот уште еден потег, чиниш, и фигурацијата ќе исчезнела. Но, од друга страна, тие не се минималистички до ниво на економизирана апстракција, до сведување на наједноставни форми – тие сепак се пластични и крајно изразни. Со ова е постигната извонредна динамика во самата форма, но длабока смиреност во својата содржина. Тоа дијалектичко двојство иманентно во изразот на Смилков е негово оргинално откритие во истражувањата на скулптурата. Токму ритамот што произлегува од ова двојство и ја дава на скулптурите на Смилков онаа монументалност која е уште една типична карактеристика на неговиот израз.

Стремежот кон совршенство пак, длабоко присутен во секоја фигурација е белег на целокупното негово творештво. Во таа смисла, едвај чекаме да ја видиме следната изложба, за да констатираме до каде превтасал авторот во патот пругоре, во патот кон совршенството“, вели за изложбата Трајче Стојанов, филозоф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП