3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВојската на САД заштеди 50 милиони со купувње на 18.000 iPad

Војската на САД заштеди 50 милиони со купувње на 18.000 iPad

ipad-us-air-force-500x278

„Apple iPad“ е популарен уред во многу домови, но сега е и главно оружје на американската војска во борбата против големите трошоци. Таблетите ќе им овозможат заштеда од 50 милиони долари во наредните 10 години.

Со оглед на големата колична на пари со која располага американската војска оваа сума нема да биде премногу значајна, но добро ќе дојде со оглед на секојдневните барања за намалување на воениот буџет. „U.S. Air Force“ потпиша 9.36 милиони долари вреден договор за набавка на 18.000 „iPad“ уреди. Овие таблети ќе се користат наместо упатствата во авионите кои мораат да ги носат пилотите, а кои се тешки до 40 килограми по авион или 13 до 18 килограми по член од посадата.

Заштедата ќе настане со намалување на тежината, полесните промени и дополнувања на упатствата, како и полесниот начин за складирање на тие упатства, односно во овој случај помалку од 10 милиметри колку што е тенок таблетот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП